X
 09.12.2016 Живот

Викенд временска прогноза... Какво време да очекуваме за време на изборниот ден?



Денес е петок, 9 декември 2016 година, 344-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:44, а ќе зајде во 16:07 часот. Денот ќе трае 09 часа и 21 минути.

Во утринските часови имаме ведро и студено утро. По котлините, особено долж Повардарието имаме појава на магла, која со првите сончеви зраци ќе започне да се крева.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по студеното и понекаде магловито утро, во текот на денот претежно сончево и потопло време со пораст на температурите. Миннималните температури се движат во интервал од -7 до -1 степени, а пак максималните температури ќе достигнат до 7 односно до 14 степени. Ќе дува доумерен слаб западен и северозападен ветер кој во централните и источните предели ќе биде доумерен засилен. Во вечерните часови се очекува појава на слаба магла.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -5 степени, додека пак максималната дневна температура до 10 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Пред нас е еден сончев и надпросечно топол викенд кога се во прашање температурите во овој перио од годината. Во сабота утринските од -4 до 5, а дневните од 10 до 16 степени, а во недела минималните од -5 до 4 а максималните од 9 до 15 степени. Во понеделник претежно сончево со локална облачност и температури од 9 до 15 степени, а веќе во вторник се очекува зголемување на облачноста која ќе донесе опаѓање на температурите кои ќе се движат во интервал од 4 до 10 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот