X
 10.12.2016 Култура

Неверојатно откритие: остаток од диносаурус пронајден во парче од килибар!


Остатоци од диносаурус во килибар

Парче совршено зачувана опашка од пердувест диносаурус е пронајдено во килибар, во Мјанмар, југоисточна Азија. Ова уникатно откритие овозможува сознанија за изгледот на тој вид, а на биолозите ќе им обезбеди нов поглед на група животни кои доминирале на Земјата пред повеќе од 160 милиони години.

Испитувањето што покажа дека опашката е со костенлива боја на врвот, а бела во коренот, објавено е во списанието Current Biology.

„Ова е првпат да пронајдеме отатоци од диносаурус зачувани во килибар“, истакна коавторот на истражувањето, Рајан Мекелер, за BBC.

Неговата колешка, Лида Ксинг, го откри килибарот на пазар во Мјиткина, во Мјанмар. Неверојатни 99 милиони години старата фосилна смола веќе била исполирана како накит, а продавачот сметал дека се работи за некакво растение. Меѓутоа, истражувачката веднаш заклучила дека се работи за пердув од опашка на диносаурус, што бил со величина на врапче.


Ксинг го пронашла и рударот што ја ископал смолата, а Мелекер со детална анализа потврдил дека се работи за диносаурус кој најверојатно сè уште бил жив кога се сплеткал во лепливата маса, што подоцна се претворила во килибар.

Професорот Мајк Бентон од Универзитетот Бристол, кој помагал при истражувањето, додава: „Фасцинантно е да се видат сите детали на опашката на диносаурусот – коските, месото, кожата и пердувите – и да се замисли како тоа малечко суштество се заплеткало во смолата.“


Државата Качин, во североисточниот дел од Мјанмар каде што е пронајден примерокот, веќе 2.000 години ископува килибар, па заради големиот број зачувани инсекти во стврднатата смола, последните 20 години е популарна дестинација за научниците кои ги проучуваат древните членконоги.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура