X
 10.12.2016 Наука

Зошто голем број на луѓе не можат да се сетат на раното детство?

деца

 

Поголемиот број на луѓе не се сеќаваат на раното детство, до три, четири години. Поточно, малку од нас можат да се сетат на нешто кое се случило дури до седум години. Кога и да се обидеме да се сетиме на нешто од раното детство, најчесто не ни е јасно дали навистина се сеќаваме на нешто или замо замислуваме некои слики кои ги имаме во главата.


А зошто е тоа така? Овој феномен се нарекува „Детска амнезија“, а на психолозите ни денес, после векови проучување, не им е јасно за што точно се работи.

На прв поглед можеби се чини дека кај многу малите деца меморијата не е доволно развиена како кај возрасните. Моѓутоа бебињата од шест месеци се способни да формираат краткорочни сеќавања кои траат неколку минути и долгорочни на кои се сеќаваат со недели, па и месеци.

Во едно истражување, деца од шест месеци научиле како да го притиснат копчето на возот за тој да се приклучи. После две до три недели научиле тоа да го прават иако играчката никогаш ја немале видено.

Експертите велат дека мемориските способности созреваат до адолесценција и тоа би можело да биде најреално објаснување за детската амнезија. На развојот на памтењето влијаат неколку делови на мозокот, вклучувајки ги и тие за формирање, одржување и враќање на меморијата. На пример, хипокампусот (одговорен за формирањето на сеќавањата) се развива до седмата година на детето.

Експертите тврдат дека децата кои имаат започнато да зборуваат подобро помнат бидејки случките ги вербализираат. Тие направиле и неколку истражувања за да видат дали се во право.

Разговарале со малите кои пет години претходно имале некоја незгода па завршиле во брза помош (се работи за вообичаени детски незгоди). Оние кои тогаш биле постари од 26 месеци, и веќе имале започнато да зборуваат се сетиле на тоа што им се случило. Помалите од 26 месеци се сетиле многу малку на тоа или воопшто не се сетиле.

Исто така, на помнењето делуваат и културолошките и социолошките околности.

Во земјите во кои се цени самостојноста, на пример во САД и Западна Европа возрасните луѓе се сеќаваат подлабоко во детството за разлика од возрасните кои живеат во култури каде што повеќе се цени поврзаноста со другите. Сето тоа зависи од начинот на воспитување на родителите па така на Запад родителите повеќе се фокусирани на индивидуалните доживувања на детето, она што тоа сака и чувствува, а помалку на поврзувањето со другите луѓе и на општествените рутини.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука