X
 11.12.2016 Наука

Научниците откриле „фантомско помнење“

Најновото истражување, објавено во магазинот „Наука“, го објаснува новиот тип на сеќавање кој би можел да ја доведе во прашање досегашната теорија за функционирање на мозокот.

 

1


Како што се наведува, мозокот е во состојба да ги забележува информациите во „тајност“, односно без да остави трага од „невронското запишување“.

Според досегашните сфаќања, постојат два типа на сеќавања. Едното се нарекува „работна меморија“ и се користи кога ги обработуваме новите информации. Овие информации се задржуваат во нашата свест и мозокот се фокусира за да не ги заборавиме. Ова го контролира делот од мозокот наречен хипокампус, каде невроните се постојано активни додека се обидуваме да го задржиме вниманието на информациите кои ги обработуваме.

Постои и долгорочно сеќавање, кое се складира во кортексот на мозокот. Информациите кои овде се складираат можеме да ги вратиме преку таканаречени енграми кои се повторно активни кога ќе се присетиме на некои дамнешни спомени.

Според новото истражување, постои и трет вид на сеќавање. Главната разлика е дека научниците не можат да откријат каде тие се складирани во мозокот, а сепак, ние можеме да стигнеме до овие сеќавања. Значи, не постои јасен пат до овие сеќавања во нашиот мозок, но тие постојат.

Научниците ја прателе активноста на мозокот на учесниците во експериментот кои ги набљудувале низ зборови, ликовите и формата. Благодарение на алгоритмот тие успеале да ја поврзат мозочната активност со секој од поимите кој испитаниците го гледале.

Тие секогаш ги покажувале поимите во парови, така што се случувале две активности во мозокот. Потоа на испитаниците им било кажано да се сконцентрираат само на еден од понудените поими, така што нивниот мозок заборавал друга.

„Луѓето отсекогаш верувале дека сеќавањето е поврзано со активноста на невроните. Додека се движат, сеќавањето постои. Но видовме луѓе кои се сеќаваат иако невроните им мируваат“, вели Бредли Пости, еден од авторите на истражувањето.

Авторите признаваат дека нивното истражување не објаснува што точно се случува но открива уште еден аспект на функционирање на мозокот кој дотогаш ни бил непознат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука