X
 11.12.2016 Живот

Зошто мажите и жените изневеруваат?

Жените изневеруваат затоа што се несреќни во врската, а мажите затоа што имаат нагон кој тешко го контролираат - овие два митови често пати ги слушаме кога разговараме за тоа зошто мажите и жените изневеруваат.

 

маж


Станува збор за целосни невистини, бидејќи постои само една причината поради која изневеруваат и мажите и жените, без оглед на нивниот пол, старост или сексуална ориентација - слабоста.

Така на пример, ако мажот ја истепа жената, не се прашува зошто ја истепал. Не би ни требало - ја истепал оти бил кретен. Дали тоа довело до семејна расправија или таа го изневерила па тој се изнервирал, или ја удрил откако таа започнала да вика, тоа се изговори.

Истото важи и за изневерувањето. Да, можеби мажот ја изневерил жената откако таа со години го занемарувала, одбивала да води љубов со него и лошо готвела, но тоа не е вистинската причина. Причината поради тоа што тој ја изневерил е поради тоа што бил слаб. Сето останато се само изговори.

Истото е и за жената која го изневерува мажот бидејќи се чувствува занемарено и ѝ е потребна нежност - слаба.

За изневерување не е потребна храброст. Потребно е само да го направите тоа - толку е едноставно. Од друга страна, потребна е храброст на партнерот да му кажете дека нешто во врската не ви е погодено, да навлезете во дијалог наместо во неверство. Храброст е да кажете „сакам повеќе секс“ или „чувствувам дека повеќе не те привлекувам“ или, ако дојде до тоа, „повеќе не ме привлекуваш“. Храброст е да кажете што не е во ред и да се обидете да го средите проблемот.

А најголема храброст е потребна, доколку дојде до тоа, да кажете „збогум“ и да си одите. Потоа впуштајте се во нова врска, без разлика дали тоа е за една ноќ или долгорочно. Тоа е човечки, правилно, храбро и за пофалба.

Неверството од друга страна, секогаш, СЕКОГАШ е знак на слабост. И тука доаѓаме до најдобриот дел од приказната - бидејќи слабоста е сосема нормална работа кај луѓето. Нормално е понекогаш да ви се случи да потклекнете и да тргнете по полесниот пат. Но човечки е и да признаете дека сте згрешиле и да барате да ви простат, а не да барате изговори.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот