X
 12.12.2016 Живот

Неделна временска прогноза



Денес е понеделник, 12 декември 2016 година, 347-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:46, а ќе зајде во 16:08 часот. Денот ќе трае 9 часа и 22 минути.

Првиот работен ден од новата седмица ни носи претежно ведро и студено време. По одделни котлини ова утро има појава на слаба магла, а во северните, североисточните и северозападните предели имаме и појава на локална облачност.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија по студеното и понекаде магловито утро, во претпладневните часови ќе имаме претежно сончево со локална облачност а попладне зголемување на облачноста која ќе услови умерено облачно време со повремени и кратки сончеви периоди. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Минималните температури од -5 до 1степени, додека пак максималните ќе бидат во опаѓање во однос на вчерашните и ќе се движат во интервал од 4 до 14 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и постудено. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од -3 степени, а дневната до 9.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во вторник умерено облачно со повремени сончеви периоди и посвежо време со дневни температури од 0 до 14 степени. Во среда студено утро со утрински температури од -9 до -1 степен, а во текот на денот ќе се движат од -1 до 9 степени. Во четврток по студеното утро со температури од -8 до 0 степени, во текот на денот претежно сончево со локална облачност и максимални температури од 2 до 11 степени.Во петок умерено облачно време со повремени сончеви периоди и посвежо време со температура од 1 до 10 степени

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот