X
 13.12.2016 Живот

Роберто Савијано сподели која е најкорумпирана земја во светот

Велика Британија е најкорумпирана земја во светот според новинарот и писател Роберто Савијано, кој е експерт за италијанската мафија. Триесет и шест годишниот Роберто има напишано бестселери во кои го изложува криминалното работење на италијанскиот синдикат.


Роберто Савијано


„Ако ве прашам кое е најкорумпираното место на земјата, вие може би ми рекле Авганистан, можеби Грција, Нигерија, југот на Италија, а јас ќе ви кажам дека тоа е Велика Британија. Не се работи за бiрократијата, полицијата, политиката, туку за корумпираниот финансиски капитал. Деведесет проценти од сопствениците на капиталот во Лондон имаат седишта во странство. Џерси и Кајманските Острови се пристапни врати за криминалниот капитал во Европа, а Велика Британија тоа го дозволува. Тоа е она што мене ми е значајно, зошто е толку важно да бидам овде и да зборувам со вас, бидејќи сакам да ви кажам ова е за вас, за вашиот живот, за вашата влада“-изјавил Савијано

Велика Британија се рангира на 10 место на глобалниот индекс за корупциска превенција од 2015 година изработен од „Transparency International“ со 81 бод од вкупно 100.

Во извештајот се потенцира дека ниедна држава во светот не е ослободена од корупција. Со цел да се спротивстават земјите на корупцијата во Европа во извештајот се препорачува:

„Постои антикорупциска легислатива во книгите за статут насекаде, иако постои простор за подобрување, но она што недостига е имплементирање и извршување. Владите треба да се справат со политичката корупција, а потребни се итни реформи во финансискиот сектор, но тоа не може да се случи се додека законите и прописите не се соодветно применети и додека не постојат вистински независни медиуми и граѓанско општество. Само во тој случај ќе може да се спречи корупцијата“. 
SaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот