X
 14.12.2016 Технологија

Како да добиете работа во Фејсбук и зошто би ја сакале истата?

Уште еднаш, Фејсбук е призната како една од најдобрите компании за работа. Годишната листа на „Glassdoor“ ја рангира оваа компанија како број еден технолошка компанија за работа, врз основа на рецензиите на вработените дадени минатата година.

 

фб


Лори Голер, која работи во Фејсбук уште од 2008 година, помогнала во зголемувањето на бројот на вработени - од 500 на неверојатни 14.500 во преку 50 канцеларии во 30 земји.

И Фејсбук во самата компанија спроведува внатрешни рецензии и анкети. И според овие рецензии, вработените во Фејсбук сакаат да работат во оваа компанија.

„Луѓето кои работат тука ни кажуваат дека тоа што имаат некакво влијание навистина им е важно. Мислам дека тие уживаат во можноста да го работат она во кое уживаат“, вели Голер.

За оние кои се заинтересирани за работа во Фејсбук, Голер дава неколку совети како да поминете на интервјуто.

Сакам да работам во Фејсбук. Што треба прво да направам?


Голер: Првото нешто што луѓето кои сакаат да работат во Фејсбук треба да направат е да научат како е да се работи во оваа компанија. Откривам дека многу луѓе, скоро сите, кои доаѓаат да работат тука се чувствуваат поврзани со мисијата на компанијата - да го направат светот повеќе отворен и повеќе поврзан. Или тие сами имале вакво искуство со Фејсбук или пак блиска личност. И токму затоа оваа мисија е значајна за нив.

За сите студенти, нудиме одлично практикантство кое е важен дел од запознавањето на Фејсбук. Секогаш сме возбудени кога имаме можност да запознаеме жени или други потценети малцинства кои учат компјутерски науки на училиште. Тоа е важен дел од она во кое ние веруваме за да продолжиме да ја реализираме мисијата.

Имаме програма наречена „Facebook University“ која е наменета за студенти кои се на почетокот на нивното студентско искуство.

Кои се придобивките кои не се очигледни за некој кој гледа однадвор?


Голер: Причината поради која многу луѓе сакаат да работат во Фејсбук се другите луѓе во Фејсбук. Мислам дека тие постојано се предизвикуваат едни со други. Се наоѓаат во позиција во која скоро никогаш не се најпаметната личност в собата, што ги тера постојано да учат и да растат.

Друго нешто што луѓето не би можеле да го знаат се' додека не не' посетат е топлината и чувството на семејство кое ги имаме во Фејсбук.

Дали постои нешто што треба да го чувам во моето CV и нешто што треба да го избришам?

Голер: Бидете искрени и јасни за работите во кои сте најдобри и во кои уживате. Ние сакаме да бидеме сигурни дека се на работно место кое ги истакнува нивните предности.

Дали Фејсбук работи како тим?


Голер: Се грижиме за нашите луѓе. Мислам дека најмногу се чувствува тимската работа. Дефинитивно е место каде луѓето соработуваат и го ставаат Фејсбук на прво место.

Дали треба да се грижам дека ќе го изгубам сопствениот глас?


Голер: Најдоброто нешто во врска со работното место кое го нуди Фејсбук е тоа што оваа компанија на сите им дава глас. Ова е одличен начин да се демократизира комуникацијата од самиот Марк па се' до практикантите. Имаме повеќе групи отколку луѓе кои работат во Фејсбук.

Кои животни и работни подобрувања ги имате додадено во текот на последните неколку години?

Голер: Ги слушаме нашите луѓе во однос на тоа што е важно за нив. Една од поголемите работи кои ги лансиравме минатата година беше 4 месеци породилно отсуство за мажите и жените. Навистина сакаме Фејсбук да го направиме одлично место за семејства, без разлика на тоа како го дефинирате вашето семејство.

Какви промени претрпи процесот на интервју?

Голер: Нашиот процес е поефикасен, меѓутоа не е променет драматично. Отсекогаш сме барале луѓе кои се способни нешто да изградат. Потребни ни се луѓе кои ќе погледнат во нешто и ќе помислат: „Тоа функционира прилично добро. Но мислам дека може да биде подобро“.

Бараме луѓе кои навистина сакаат да имаат влијание.

Што е тоа во кое најмногу уживате во работењето за оваа компанија?


Голер: Ги обожавам луѓето во Фејсбук. Тие се мое семејство. Не би можела да работам во друга компанија. Во Фејсбук работат  неверојатни, паметни, предизвикувачки, забавни, топли луѓе, а за мене тоа е најважното нешто.

Што би сакале Фејсбук да додаде во иднина?

Голер: Среќна сум со придобивките кои ги имаме во Фејсбук. Би сакала да се осигураме дека ги претставуваме различните луѓе како што ќе се движиме нанапред и ќе продолжиме да растеме.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија