X
 14.12.2016 Култура

Слушнете го романот „1984“ на Џорџ Орвел на радио

„Беше ведар и студен априлски ден, а часовниците биеја тринаесет." Со оваа реченица Џорџ Орвел го започнува својот роман „1984“, роман кој дури и по 67 години од денот на објавувањето останува можеби најчесто споменувана визија за тоталитаристичкото управување во модерниот Западен свет. Интересот за оваа приказна се интензивираше низ децениите и се адаптираше во различни форми како филм, телевизиски репортажи, (Дејвид Боуви дури имаше замисла да изработи музика посветен на романот), како и во радио емисии.


1984 


Во последните неколку години беа објавени радио продукции на „1984“ во 1949, 1953 година и 1965 година. Во својата програма „From the Vault“, радио каналот „Pacifica“ тукушто заврши со објавување на архивите од емисиите во 1975 година за романот, што во тој период водителот Чарлс Морган го читал во утринската програма.

Радиото користело звучни ефекти и гласови од актери за да ја раскаже приказната за Винстон Смит и неговата надворешна и внатрешна борба да со бори со репресивната Влада на Океанија.

Овде може да ги слушнете 13 дела од емисиите на „Pacifica“ за романот 1984.


Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура