X
 15.12.2016 Наука

Како би звучел мајмунскиот говор?


Научниците направија симулација како би звучел говорот на мамаки мајмуните, затоа што се покажа дека мајмуните имаат физичка способност да формираат гласови.

Рентген снимка на глава од мајмун

Што би се случило кога мајмуните би почнале да зборуваат? Поранешните истражувања сугерираа дека мајмуните не можат да говорат заради физиономијата на вилицата и гласните жици, но најновите истражувања покажуваат дека главната причина за тоа се наоѓа во мозокот, пишува iflscience.com.

Меѓународен тим од експерти ги истражувал вокалните способности на макаки мајмуните, користејќи рендгенски снимки на движењата на усните и јазикот, за разлика на поранешните кога се анализирала единствено анатомијата.



Собраните податоци се обработени низ компјутерски симулации кои покажаа дека макаки мајмуните имаат способност за формирање гласови кои се користат кај човекот во говорот. Дополнително, симулациите покажаа дека приматите имаат физичка способност да формираат и полни реченици. Гласовите би звучеле прилично страшно, но доволно разбирливо. На линкот може да се чуе како би звучело кога макаки мајмун би ја изговорил реченицата „Will you marry me?“ (Ќе се омажиш ли за мене)?

Научниците тврдат дека овие откритија докажуваат дека мајмуните не говорат заради недоволно развиениот мозок, а не заради физички недостатоци. „Дури и фактот што сите овие истражувања се применливи само на макаки мајмуните, а не и на останатите видови, и натаму се побива тезата дека мајмуните не зборуваат заради нивната анатомија.“

„Интересно е прашањето кое само се наметнува, а тоа е - што всушност го прави човечкиот мозок способен да управува со говорот?“, вели Асиф Газанфар, професор на Принстон Универзитетот и коавтор на истражувањето.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука