X
 15.12.2016 Живот

Непријатни вистини: „Возможно е да дадеш се' од себе, да не направиш грешки и сепак да изгубиш“

На социјалната мрежа „Reddit“ нејзините корисници ги споделија нивните верувања, мислења и ставови во врска со животот, љубовта и реалноста. Ова се најдобрите од нив.

 

вистина


„Љубовта не е доволна и не освојува се'. Да, љубовта помага, но нема да функционира долгорочно доколку не сте сексуално/емоционално/финансиски синхронизирани со вашиот партнер“.

„Понекогаш ја сакаш твојата девојка и таа те сака тебе, но се'уште не е доволно за да функционира“.

„Некои луѓе се родени привлечни и/или во богато семејство и имаат значително полесен од просечниот живот поради никој друга причина освен генетичката лотарија“.

„Скоро е невозможно во повеќето случаи да промениш лоша репутација откако ќе ја добиеш, дури и ако не е по твоја вина“.

„Возможно е да дадеш се' од себе, да не направиш грешки и сепак да изгубиш“.

„Можеш да бидеш заменет“.

„Повеќето од нас не се посебни. Многу од нас не се ни над просекот“.

„Ќе умреш и не постои ништо што можеш да направиш за да го спречиш тоа“.

„Голема е веројатноста да не ги исполниш твоите соништа, така што ќе мораш да правиш компромис и да се прилагодиш на она што те прави среќен во животот. Веројатно нема да го сфатиш ова се' додека не ти удри во лице како еден тон тули“.

„Повеќето од нас сме робови на платата кои работа за профит на другите, многу повеќе од себеси“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот