X
 15.12.2016 Култура

Почувствувајте ја магијата на Арктикот низ „Елегија за Арктикот“

elegija

 

На видеото подолу можете да го проследите италијанскиот пијанист и композитор Лудвико Еинауди како ја изведува оригиналната композиција „Elegy for the Arctic“ на пијано, „лебдејќи“ на средината на Арктичкиот Океан.


Во една од неговите најпредизвикувачки настапи, Еинауди ја свири композицијата која е посветена за зачувување на Арктикот. Домот на загрозените диви животни исто така ни помага во регулирањето на нашата кревка клима. А нашата иднина делумно зависи од тоа дали овој регион ќе успееме да го задржиме непроменет.

„Масивното рано повлекување на мразот од морето поради ефектите на климатските промени, овозможи изградба на вештачка санта мраз направена од повеќе од 300 триаголници од дрво прикачени заедно со тежина од два тона. Пијаното беше поставено на врвот од платформата“.

Погледнете го како Еинауди ја изведува композицијата од ова магично место.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура