X
 16.12.2016 Живот

Викенд временска прогноза

Денес е петок, 16 декември 2016 година, 351-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:49, а ќе зајде во 16:09 часот. Денот ќе трае 9 часа и 20 минути.

Ова утро имаме појава на облачност над целата држава, облачност која што можеме да кажеме дека не заштити од можноста за уште постудено утро, иако и денеска во одделни места каде што во текот на ноќта беше ведро имаме и пониски утрински температури.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денеска не очекува умерено облачно време со повремени сончеви периоди, претежно во попладневните часови, ветровито и студено време. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер, а во делови од западните предели ќе дува и источен ветер. Минималните температури од -7 до 3 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 0 односно до 8 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска умерено облачно време со повремени и кратки сончеви периоди. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 0 степени, а максималната дневна до 4 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Пред нас е еден сончев но студен викенд. Во сабота и недела не очекува студено утро со утрински температури од -10 до -3 односно од -12 до -5 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со слаб северозападен и североисточен ветер и дневни температури кои ќе се движат од 0 до 8 степени, односно од 2 до 10 степени. Студено утро и во понеделник со температури од -11 до -4 степени, додека пак во текот на денот претежно сончево со температури од 2 до 10 степени. Во вторник по студеното утро, во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди. Во доцните попладневни и вечерните часови од запад продр на влажна воздушна маса која ќе услови врнежи од дожд и снег во западните предели. Дневните температури од 0 до 8 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот