X
 16.12.2016 Образование

Во Британија половина од учениците во основно образование не знаат да читаат и да пишуваат

Речиси половина од децата го завршуваат основното одделение без да знаат правилно да читаат и пишуваат.

 

деца


Резултатите од ново објавените перформанси во основно одделение покажуваат дека учениците во Британија се под стандардот оваа година, една година после контроверзните промени во наставните програми.

„Новите тешки тестови беа воведени со цел да се подигнат очекувањата“, вели Министерот за училишта, Ник Гиб, меѓутоа новите податоци откриваат дек 47% од децата се под стандардите оваа година.

Речиси 200.000 ученици во Англија имаат ниско ниво на перформанси - помалку од 65% од учениците ги постигнуваат очекуваните стандарди во читање и математика. Нивоата на постигнувања се разликуваат од регион во регион, а децата од Лондон имаат најдобар квалитет на образование.

Околу 35 области - вклучувајќи и одреден број на реони во Лондон, имале добри перформанси кои ги достигнале целите на владата.

Перформансите во основното образование во Лондон во целост е високо, со само 1% од училиштата (околу 15 училишта) паѓаат под стандардите. Но, во други области, семејствата имаат слаб пристап до училиштата.

4 од 20 училишта од Бедфоршир имаат резултати под стандардите - највисок процент во Англија.

„Оваа година „SAT“ тестовите се првите кои ги тестираат наставните програми по англиски и математика воведени во 2014 година. Новата настава ги зголемува очекувања и обезбедува учениците да имаат подобри вештини во основите на аритметиката.

„Многу училишта имаа позитивен одговор на оваа ригорозна наставна програма, поддржувајќи ги нивните ученици со што тие имаа подобри резултати после завршувањето на основното образование и продолжувајќи во средно“, изјави Гиб.

Наставниците велат дека податоците не треба да се земаат буквално, со оглед на широко распространетите проблеми околу овогодишните испити.

Ненси Елис, помошник генерален секретар за политика во Здружението на наставниците и предавачите вели дека на училиштата не треба да им се суди според резултатите од овогодишните „SAT“ тестови кои биле целосно несигурни и биле кулминација на хаотичен неред на лошо спроведени и лошо дизајнирани тестови.

Промените во наставните програми во основните училишта беа широко критикувани од родителите, училишните лидери и пратениците, кои изјавија дека новите процедури на испитување беа премногу сложени и ставаа непотребен притисок врз децата на многу мала возраст.

По серијата на владини грешки поврзани со „SAT“ тестовите, директорите бараа од Ник Морган, секретарот за образование, да не ги објавуваат резултатите, предупредувајќи дека оценките ќе бидат непредвидливи за анализа.

Џули МекКулоч, од Здружението на лидери на училиштата и колеџите вели: „Честитки до училиштата за нивните резултати од овие тестови кои ги постигнаа во многу тешки околности. Целите беа променети оваа година, а резултатите треба да се гледаат токму од овој контекст. Тестовите се базирани на нова, многу потешка програма, по која учениците учеа две години, а очекуваниот стандард е значително зголемен. Дополнително на тоа, воведувањето на овие тестови од страна на владата беше хаотично. Училиштата, учениците и наставниците заслужуваат честитки.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование