X
 17.12.2016 Живот

Новогодишен џемпер од 28.500 евра: Еве како е направен и зошто толку чини

Не е невообичаено веќе некое „смешно“ парче облека да биде прогласено за тренд и веднаш за него сите да полудат и да нé прашуваат за цената. Џемперите со ирваси, дедо мраз и снегулки до неодамна беа предмет на потсмев од многумина. А потоа откако се врати модата одеднаш ставовите на луѓето се менуваат и таканаречените „грди џемпери“ се повторно тренд и веќе не можеме да ја замислиме зимата без овие шарени трикотажи.


џемпер


Фактот дека станаа доминантен зимски тренд говори и тоа дека голем број на дизајнери ги вклучија во своите понуди. Од година во година понудата и побарувачката за ваквите џемпери се зголемуваше и тоа до таа мера што цената се зголемуваше, цена од која може да ви се заврти во главата.

За изработката на овие џемпери своите сили ги здружија американскиот моден бренд „Tipsi Elves”, специјализирана за ваков вид на џемпери и австрискиот бренд  „Svarovski“, а ако го сакате овој производ ќе морате да платите 30.000 долари или 28.536 евра.

Џемперот е украсен со 24.274 кристали, а во неговата изработка се вложени 52 часа.


A photo posted by Dr. Matt (@demolition_ranch) on

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот