X
 19.12.2016 Живот

Двојникот на Владимир Путин?

Дали би помислиле дека Владимир Путин има помлад двојник во Хрватска? Ова беше откриено благодарение на хрватското шоу „Љубовта е на село“ која има за цел да поврзе млади парови во руралните области. Младиот Хрват, двојникот на Путин потекнува од регионот Загорје во Хрватска и брзо по неговото појавување во ова ТВ шоу многумина забележаа дека тој е млада верзија на рускиот претседател Владимир Путин.


Алојз Канцељак


Не толку одамна неколку интернет корисници ширеа теорија дека Владимир Путин врши клонирање затоа што се повторува неговата појава на секои неколку децении, а ова е како додаток на потврдата на оваа теорија.

Изгледот не е единственото нешто што го прави младиот Алојз сличен на Путин, бидејќи тој по шоуто стана познат како фатален заводник за жените во неговата област. Можеби официјалната негова сличност со рускиот претседател му помага во неговите напори околу жените и ја зголемува неговата популарност во локалната област.


Путин


Ако веќе сте убедени дека навистина постои сличност помеѓу нив, чекајте има уште. Се сеќавате на фотографиите на Путин како јава коњ, пука со пиштол и прави фитнес вежби? Еве што Алојз вели за себе: „Преферирам да бидам момче кој си игра криенка и каубојци и индијанци. Но, сакам и да играм фудбал. Единствено како дете не можев да играм мајка и татко бидејќи немаше доволно девојки во мојата област“.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот