X
 23.12.2016 Образование

Најдобрите бизнис лекции од 2016 година

Во текот на изминатава година, имаше многу промени во бизнис пејзажот - од продажбата на „Yahoo“ на „Verizon“ до банкротот на „Gawker“. Што е клучно за успех од врвните бизнисмени и претприемачи и како една компанија може да го доживее својот успех?

 

бизнис


1 лекција: Размислувајте надвор од кутијата


Работните места поврзани со сајбер безбедноста моментално се најпопуларни. Повеќето компании не можат да го најдат и зачуваат вистинскиот талент. Одговорот на овој проблем е тоа што работодавците треба да размислуваат надвор од кутијата. Со воспоставување поширока мрежа и барање таленти од извори од кои не би ни помислиле да ги барате, ќе можете да ги пополните празнините онаму каде другите се'уште бараат долго време и прилично тешко.

2 лекција: Охрабреете ги вашите вработени да мислат на големо, дури и да дадат отказ ако тоа е најдобро за нив

„Задржи го талентот“ може да биде интуитивна стратегија за растење на бизнисот, меѓутоа дефинитивно ова не е најдобриот совет. Матилда Прибула, партнер во компанијата „Frederickson Pribula Li“, го препорачува токму спротивното. Нејзиното расудување е едноставно: Зошто да се инвестира многу за да се задржи талентот чии аспирации не се совпаѓаат со компанијата? Наместо тоа, таа вели дека е најдобро да работите со вашиот тим и да видите што сакаат следно.

3 лекција: Сфатете ја метриката и податоците и не ги злоупотребувајте


Статистиката, за многу луѓе, е еднаква на целта. Но, дизајнерот и писател Еш Хуанг ги предупредува луѓето да избегнуваат користење на статистика, и да се осигураат дека цитираните бројки долгорочно му помагаат на бизнисот. Дополнително, статистиката која ја користат луѓето не ги илустрира најдобро целите. Погледнете само како статистиката погреши кога станува збор за американските претседателски избори. Наместо тоа, статистиката треба да се користи како алатка, а не како цел.

4 лекција: Бидете јасни со вашите очекувања


Ако сте нови во претприемачкиот бизнис, големи се шансите да сакате зголемување на платата и напредување во блиска иднина. Секако дека ќе се разочарате ако добиете „не“ од менаџерите. Токму затоа е добро за работодавците да бидат јасни за тоа кои се нивните критериуми за промоција, а вработените да сфатат која вредност ја додаваат за бизнисот.

5 лекција: Внимавајте како ја градите културата на работа

Видот на бизнисот кој го создавате зависи од „светот“ кој оперира внатре. Многу места се обидуваат да им пркосат на досадните традиционални начини како што се семинарите и долгите состаноци. Потребно е овие активности да се надоградат и со тоа да се подобри работната култура.

6 лекција: Заработката на пари не значи дека сте успешни

Бизнисите кои „пливаат“ во пари веројатно се чувствуваат помалку наклонети да иновираат за брзо време, бидејќи за нив не постои никаква закана. Така што, додека правењето капитал е она што за повеќето бизниси значи растење, понекогаш може да значи дека ќе го спречи успехот. Претприемачите треба да размислат два пати за тоа како сакаат да го пораснат нивниот бизнис.

7 лекција: Бидете емпатични и сочувствувајте со луѓето


Целта на секој бизнис е да направи пари. Меѓутоа, постојат и други важни елементи за да бидете успешни. На пример, бизнис лидерите мораат да бидат сочувствителни. За некој можеби ова ќе биде глупост, меѓутоа важно е еден лидер да биде емпатичен. Сочувството се истакнува кај луѓето и често пати им дава предност. Неопходно е да имате вештини и за да ја извршувате работата добро и да водите организација, но уште подобро е ако лидерот може целосно и сочувствително да комуницира со оние околу него.

8 лекција: Однесувајте се со вашата компанија како со старт-ап

Сали Краучек работи во корпоративниот свет многу години, така што одлучи да формира свој бизнис. Таа научи неколку клучни лекции за тоа како да работи во мал тим и да изгради идеален производ. Гледајќи во минатото, таа сфати дека овие лекции би можеле да ги информираат големите компании како најдобро да управуваат со нивниот бизнис.

9 лекција: Песимизмот може да биде корисен

Претприемачите сакаат нивните компании да успеат, нема сомнение во тоа. Но, некои бизнис „мантри“ велат дека единствениот пат кон успехот е да на се признава пораз. Колку човек да се чувствува добро во врска со тоа, ова не е добра стратегија. Всушност, еден од најдобрите начини за да сфатите како да управувате со бизнис е да го сфатите најлошото можно сценарио и да прифатите дека и лошиот резултат е повеќе од можен.

10 лекција: Дајте им на вработените можност да заблескаат

„Google“ е познат по својата политика која им дозволува на вработените да искористат 20% од нивното време за лични проекти. Ова е начин со кој компанијата им овозможува на своите вработени да бидат агилни - да, тие имаа и време за работа и време за други проекти кои можеби би можеле да ѝ помогнат на компанијата.

„IBM“ на пример има внатрешна радио станица која на вработените им овозможува да бидат креативни и да се поврзат со другите луѓе од целиот свет. Никој од вработените не добива плата за тоа; ова е нивна активност надвор од работата која се претвори во добро познат внатрешен центар. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование