X
 23.12.2016 Култура

Нашата амбасадорка во Јапонија во народна носија на роденденот на јапонскиот цар

Во традиционална народна носија македонската амбасадорка во Јапонија Андријана Цветковиќ денеска е гостинка на прославата на 83-тиот роденден на Неговото Височество, јапонскиот цар Акихито. Амбасадорите се охрабруваат да носат нивни национални костими на овој ден и јас гордо ја носам македонската носија, објави Цветковиќ на својот фесјбук-профил.  





- Имам неколку носии од различни краеви - неколку скопски, кои се наследство од баба ми, некои охридски, кичевска и мариовска, што ја носев денес. Нив ги донесов во Јапонија, но ретко имам можност да ги носам на официјални настани. Денеска беше убава можност, а особено што имав и прилика да разговарам со императорот и царицата, кои ја имаат посетено Македонија во 1976 година. На сите амбасадори им се допадна носијата и искрено мислам дека треба да си ја вратиме традицијата, да се носат повеќе нашите носии, како што Јапонците ги носат кимоната за свечени прилики.

Акихито е единствената личност во светот што во моментов ја носи титулата цар. Тој е 125-тиот цар на Јапонија, а на власт е од 1989 година, наследувајќи го татко си Хирохито.

Во интервју за fakultet.mk Цветковиќ истакна дека таа е најмлад амбасадор во Јапонија, од 159, и меѓу 20-те жени амбасадори. Цветковиќ е прв амбасадор на Македонија во оваа земја.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура