X
 23.12.2016 Живот

Викенд временска прогноза... Какво време да очекуваме во последната недела од 2016?

Денес е петок, 23 декември 2016 година, 358-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:53, а ќе зајде во 16:12 часот. Денот ќе трае 9 часа и 19 минути.

Претежно ведро е и ова утро, а во одделни котлини имаме и појава на слаба магла. Во поголем дел од Македонија имаме и доста повисоки температури во однос на претходните денови.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во петок во утринските часови појава на слаба магла и умерен мраз, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и ветровито време. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат во интервал од -9 до 1 степен, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 4 односно до 12 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на слаба магла, во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -2 степени, а дневна до 8 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во сабота по студеното утро со температури од -10 до -2 степени, во текот на денот сончево и потопло време со температури од 4 до 12 степени. Во недела претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста. Температурите ќе бидат во благ пораст, минималните од -7 до 1 а дневните од 5 до 13 степени. Во понеделник и вторник во Македонија ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди (околу 3-4 часа) и потопло време. Утринските температури од -4 до 4 степени, а максималните од 6 до 14 односно од 5 до 13 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот