X
 25.12.2016 Живот

Бидете хумани - да помогнеме онаму каде што можеме

Педесетгодишната Васка од Припор заедно со својата ќерка и зетот и внучињата, и оваа Нова година ќе ја поминат доста скромно.

 

human


Во куќарката со само две соби, и малечката греалка, овие дечиња имаат скромни желби за Новата година - пакетче, молив, тетратка.  Едното од дечињата сака да продолжи да учи, меѓутоа нема тетратки и книги, па затоа неговата желба за Нова година се тетратки и молив.

Да бидеме хумани и да му помогнеме на семејството за Новата година да ја поминат на достоинствен начин.

Доколку сакате да помогнете, можете директно да се јавите кај бабата на дечињата: 078 838 847, Васка.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот