X
 26.12.2016 Живот

Брутални вистини за креативноста за кои никој не ви кажува

Човештвото отсекогаш ја почитувало креативноста низ времето - од античките Грци до современите уметници поети и веб дизајнери.

 

1


Креативноста е едно од оние нешта кои не секогаш можат да се искажат со зборови, меѓутоа дефинитивно знаете да го препознаете кога ќе го видите. Таа е движечка сила за голем дел од нас, до точка што правиме цела категорија на работник кој го нарекуваме „креативен“.

Но, иако креативноста можране да изгледа магично, таа дефинитивно може да се нарече и добар, но и лош вид на магија која не' тера да размислуваме дека едноставно креативноста е доволна.

Но, тоа не е вистина, а доказ за тоа се и фактите во продолжение.

1. Вашите идеи не се оригинални

Една од најубавите нешта поврзани со човештвото е способноста да изградиме идеи врз основа на туѓи идеи со што правиме огромни чекори во новите иновации. Но, тоа не значи дека вашите идеи не се потенцијално интересни или неважни - само добро би било да не ги нарекувате „оригинални“.

2. Инспирацијата е мит

Популарно е мислењето дека инспирацијата „не' удира“ тогаш кога најмалку очекуваме - и тоа е така. Проблемот е што овој момент го припишуваме на некаква мистична магија која доаѓа од воздухот.

Сепак, истражувањата покажуваат дека всушност тоа не е магија, туку нашиот мозок се поврзува со тоа што се случува „позади сцената“.

Истражувач од Харвард, Шели Карсон, ова го нарекува „период на инкубација“ кој доаѓа како резултат на „различно размислување“ или период кога ви е одвлечено вниманието и вие го оставате умот да мисли на други работи.

Затоа мислиме дека е случајно - вашиот мозок свесно работи на други нешта, но вашата потсвест работи без вие да знаете.

3. Сите се креативни

Сакаме да се чувствуваме посебни, меѓутоа вистината е дека сите сме креативни. Креативноста е човечки квалитет кој постои во секој од нас. Степенот на вашата или нечија креативност не зависи од внатрешниот квалитет туку од тоа колку напорно работите.

Можете да сте талентирани колку Пабло Пикасо, меѓутоа ако не работите вашата креативност ќе биде залудна.

 

2


4. Креативноста не е нешто со кое сте родени


Ова за многу луѓе кои не успеале на креативно поле ќе биде утешително - креативноста не е нешто со кое човек се раѓа.

Џори Макеј посочува дека не само што креативноста се учи на факултет туку и човек може да си го истренира мозокот да биде покреативен извршувајќи креативна работа во подолг временски период.

5. Никогаш нема да бидете одлични ако не станете ранливи


Можете да бидете добри, секако, но никогаш нема да бидете одлични ако не сте ранливи. Додека инспирацијата и оригиналноста се митови, ранливоста е реална, цврста неопходност кај секој кој сака да извршува креативна работа.

6. Стравот е неопходен


Исто како што креативноста е во сите нас, така е и стравот. Стравот е начин на телото да ве заштити од повреда, без разлика дали е физичка или психичка.

Креативноста е еден вид на страв кој ви кажува дека целите кон нешто извонредно. Наместо да се криете од стравот, одете на кај него. Соочете се со него.

7. Тешко е да се биде креативен

Многу луѓе се откажуваат кога се обидуваат да завршат проект бидејќи мислат дека се блокирале во нивното креативно размислување. Ова е грешно затоа што фрустрацијата игра главна улога во процесот на креативноста.

8. Не можете сами


Сликата на „осамен пронаоѓач“ кој работи сам на тераса во Париз е доста романтична - но исто така не е реалистична. Најпрво, луѓето биле создадени за да разговараат, дури и разговорот за банални работи.

 

2


9. „Брејнстормингот“ не е најдобар начин за човек да биде иновативен


Додека соработката е важна, можеби и есенцијална, класичниот брејнсторминг не е начин да стигнете до одредена идеја. Наместо сите да ги кажуваат своите идеи на работа, најдобро би било секој да си измисли идеја и потоа да ја претстави на групата.

10. Стимулациите ѝ штетат на креативноста


Мислите дека високата плата може да ја покачи креативноста? Има смисла, нели? Сепак, истражувањата покажуваат дека поголемите стимулации ѝ штетат на креативноста. Истражување од Харвард бизнис училиштето, ставило цртеж нацртан од задоволство, и цртеж нацртан за пари. Жирито, без да знае кое дело беше нацртано од пари, а кое од задоволство, го оценил цртежот од задоволство како подобар од другиот.

11. Не станува полесно


Не е важно колку сте добри во вашата креативна професија - да се биде креативен никогаш не е лесно. Меѓутоа носи се' поголемо задоволство и навистина вреди.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот