X
 26.12.2016 Живот

Вештини со кои вашето дете ќе биде успешно

Секој родител сака своето дете да израсне во среќна и успешна личност. Дали за да се постигне тоа е доволно детето да има само добро образование?


Bright Side“ објавиле дека има други еднакво важни вештини и знаења кои ќе му помогнат на детето да ги преброди тешкотиите и да постигне успеси.

1. Способноста да заземе свој став

Ова е една од најважните вештини во модерниот свет и треба да биде практикувана кај децата уште од најмала возраст, бидејќи родителот нема да биде секогаш тука за да го одбрани. Родителите мора да му покажат на детето дека мислењето е важно, децата треба да знаат дека родителите ги слушаат и разбираат.

2. Учење на странски јазици

Ако вашето дете знае странски јазици тоа ќе доведе до напредок во неговата идна кариера, а и ќе им помогне да ги прошират своите културолошки хоризонти.

3. Самоорганизација

Ова ќе им помогне на вашите деца да си ги постигнат целите и ќе биде навистина корисно за нив кога ќе бидат возрасни. Основата на самоорганизацијата е во дневниот распоред кој треба да премине во дневна навика со вашите деца, со тоа што вашата вклученост со текот на времето ќе се намалува и ќе му ја препуштите на детето. Тоа треба да има време за игри, хоби и други активности, но мора да има распоред, на пример тие активности да ги реализира откако ќе ја заврши домашната работа.

4. Тивка реакција кон падови и неуспеси

Начинот на кој детето реагира на победи или порази всушност ја обликува неговата самодоверба и однос со останатите луѓе. Треба да обрнете внимание на начинот на кој вашето дете игра – ако изгуби и не се чувствува пријатно и вие го однесете веднаш дома, тоа негативно ќе се одрази на неговата способност да се соочи со тешкотии во животот. Пофалете ги децата за сите нивни успеси, но не игнорирајте ги и поразите. Обидете се да разговарате на таа тема и не им забранувајте на децата да ги изразат своите емоции и што е најважно покажете им на децата дека ги сакате и покрај се.

5. Концентрација

Децата најчесто се фокусираат на она што ги интересира во моментот, затоа обидете се да ги научите лекции кои не се само корисни туку и забавни. На пример, кога го учите детето да пишува, тоа нека го прави на мала табла, на тротоар со креда или пак да креира зборови од пластелин. Не заборавајте дека однесувањето на родителот е најдобриот пример за детето : обрнете му внимание на детето и одредено време посветете му само нeму. Можете да ја подобрите неговата концентрација и преку игри, цртање и загатки.

6. Потпирање на самите себе

Што побрзо вашите деца научат да бидат независни и сами да ги завршуваат обврските толку повеќе самодоверба ќе имаат во иднина. Охрабрувајте ги постојано да самите да се грижат за себе, а ако згрешат бидете трпеливи.

7. Тимски играчи

Потребно е да им објансите на вашите деца дека постојат одреднеи правила во општеството и на тој начин се остваруваат добри врски и односи со останатите. Едно од тие правила е соработување и работење во тим. Кога ќе го учите на ова, немојте да го споредувате со други деца, туку нагласете го поединечниот успех.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот