X
 28.12.2016 Култура

„Скршената стомна“ в петок пред битолската публика

Независната театарска куќа „Интимен театар“ од Битола во петок, 30 декември со почеток во 20 часот ќе има премиера на новата претстава „Скршената стомна“. Оваа осма по ред претстава на овој театар во режија на Софија Ристевска Петрушева е правена по мотиви од Хајнрих Фон Клајст (германски автор од почетокот на 19 век) и авторски текстови на Билјана Крајчевска.



Главните улоги ги толкуваат Маја Андоновска Илијевски и Никола Пројчевски, и двајцата актери од Битолскиот театар.

-  „Скршената стомна“, е претстава за човекот на дваесет и првиот век, којшто е претворен во шуплива кукла, манипулирана само и единствено од моќта на капиталот. Емоциите, љубовта и семејните социјални врски, сè поретко се појавуваат во секојдневието на човекот, што е пласиран и определен само и единствено од пазарот на трудот - вели Ристевска Петрушевска за своето најново театарско остварување.
Подготвил: M.A

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура