X
 31.12.2016 Култура

Дали е на повидок крај на 42-годишниот конфликт?


Високиот службеник на ОН смета дека етнички поделениот Кипар има „историска прилика“ за обединување во 2017 година, а состанокот во Женева на почетокот на јануари ќе биде клучен за склопување мировен договор што се одолговлекува со децении.

Бан Ки Мун со претставниците на двата дела на Кипар

Осумнаесетмесечните интензивни разговори меѓу отуѓените грчка и турска заедница на Кипар, ќе кулминираат со состаноци во Женева што ќе почнат на 8 јануари.

Espen Barth Eide, посебен советник на главниот секретар на ОН за Кипар, за весникот Cyprus Weekly оценил дека водачот на грчките Кипрани, Nicos Anastasiades, и турските Кипрани, Mustafa Akinci, покажале политичка волја конфликтот да се оконча.

„Сфатија дека статус квото е неприфатливо и неодржливо, и дека актуелните преговори овозможуваат најдобра прилика за решение“, истакнал Eide, поранешен норвешки министер за надворешни работи.

„Мирното обединување на островот наредната година би можело да биде историска прилика, конечно да се сврти нова страница во историјата на Кипар.“

Кипар е поделен после турската инвазија  во 1974 година, поттикнат од краткиот воен удар во Грција.

Претходниот круг мировни преговори пропаднал во 2004 година, кога го отфрлиле грчките Кипрани, а турските го прифатиле нацрт мировниот договор на ОН.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура