X
 16.01.2022 Живот

Нов лекторат по македонски јазик во Анкара, интервју со Мила Царовска, милион евра за ковид-тестови... Што пишувавме неделава


Најмногу специјалисти имаме по кардиологија, педијатрија и семејна медицина
Германија, Словенија, Швајцарија, Хрватска, Италија и Англија се државите каде што лекарите најчесто заминуваат да работат или да се едуцираат

Жени од Битола храбри и во борбата со ракот и на театарската сцена
Ракот на дојката и миграцијата (честите иселувања од земјата) на најблиските се рак-рани на македонската жена. Токму тие се дел од горливите теми во фокусот на документарната претстава „Жени“ на „Интимен театар“ од Битола во режија на Софија Ристевска

Нов лекторат по македонски јазик во Анкара, а можеби и во Пекинг
Имаме вистинска мала армија од македонисти во светот - 300 студенти на универзитетите во Истанбул, Риека и во Будимпешта (на додипломски и постдипломски студии) што го изучуваат македонскиот јазик, литература и култура и уште 100 на универзитетите во Торонто, Љубљана и Марибор, Загреб, Лондон, Познањ, Нови Сад, Брно и Храдец Кралове, Братислава...

За 10 дена граѓаните потрошиле околу милион евра за ковид-тестови на приватно
Првите десет дена од годинава биле направени вкупно 67.534 теста во државните и во приватните болници и лаборатории низ земјава. Од нив само 7.319 теста биле направени на државно, а 28.290 на приватно. Преостанатите 31.925 се брзи тестови кои се направени во јавното и во приватното здравство

Дали знаете зошто се крши лепче со паричка на Василица?
Василица или Стара Нова година, како што меѓу народот е познат, е празник за кој во традицијата на Македонците има најмногу обичаи. Тие генерално имаат сличности, но се разликуваат во нијанси од едно до друго место. Култот што за овој празник е изграден е толку голем, што го прави еден од најпразнуваните празници по Велигден, Божиќ и Водици.

Царовска: Стојам зад секоја моја одлука и спроведена активност
Најголем предизвик - лажните вести, дефинитивно. Секогаш кога ќе се обидете да направите нешто добро, во корист на граѓаните, се појавуваат шпекулации, неточни информации од кои дел се сензационалистички и тие создаваат вознемиреност, несигурност и ја поткопуваат довербата во вас и вашето работење, вели Царовска

По скалилата на успехот со Ирена Колиштркоска-Настева: зависник од археолошката прашина и гламурот на праисторијата наталожени во земјените пластови
Љубопитноста да се бара одговор на многу нешта, како и желбата и вљубеноста во старите работи и севкупната уметност биле првите искри што ја разгореле љубовта на Ирена Колиштркоска-Настева кон археологијата, музејското работење и културата воопшто, области каде што за нејзиниот истражувачки придонес годинава беше наградена со наградата „13 Ноември“ на Град Скопје.

Втор ден вевчански театар на отворено
На карневалот, познат по тоа што на сатиричен и хумористичен начин ги отсликува случувањата од минатата година, се делеа „ковид-сертификати“, се протестираше за тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ, се копаа биткоини, а на манифестацијата продефилираа и маските на ликови од македонската политичката сцена.

Издвојуваме

Живот