X
 16.01.2023 Култура

180 милиони часа гледаност: Ова е моментално најпопуларната серија на „Нетфликс“

Втората сезона на „Џини и Џорџија“ е најпопуларна ТВ-содржина на „Нетфликс“.

Во изминатата недела серијата постигна неверојатни 180 милиони часа гледаност и зад себе ги остави серијата „Калеидоскоп“ и „Венсдеј“, која веќе седум недели е на врвот на најпопуларните серии на „Нетфликс“.

Втората сезона на „Џини и Џорџија“ беше објавена на 5 јануари оваа година. Обожавателите ја чекаа новата сезона речиси две години, откако првата беше објавена на 24 февруари 2021 година.

Серијата го следи животот на тинејџерката Џини и нејзиниот однос со мајка ѝ Џорџија. 15-годишната Џини често се кара со нејзината мајка и низ серијата ги открива нејзините мрачни тајни. Првата сезона заврши со тоа што Џини одлучи да побегне со нејзиниот полубрат Остин, а втората сезона продолжува токму таму.

Серијата беше доста популарна кога излезе на „Нетфликс“ пред речиси две години. Во првите 28 дена ја гледале повеќе од 52 милиони домаќинства. Многумина ја нарекуваат модерна верзија на Гилмор.

Сценарист на серијата е Дебра Фишер, а креатор е Сара Ламперт. Џини ја глуми Антонија Гентри, а Џорџија ја глуми Бриан Хауи.


Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура