X
 16.02.2021 Култура

„Вести од светот“ со Том Хенкс е еден од најгледаните филмови на „Нетфликс“

Том Хенкс е познат по глумењето во блокбастер-филмови. Уште од почетоците има глумено во некои од најголемите и најнезаборавни филмови.

Деновиве, да се има блокбастер-филм не е исто како во претходните години. Поминаа деновите кога се споредуваа успесите на киноблагајните за да видиме дали некој актер го „носи“ филмот кон светски успех. Сега, сè е поврзано со стриминг-фигурите. И во таа смисла, Том Хенкс и понатаму е на врвот.

Изминатата недела тој го имаше најстримуваниот филм во светот на „Нетфликс“.

Новиот филм „Вести од светот“ со Том Хенкс во главна улога сега се наоѓа на третото место на светската стриминг-листа на „Нетфликс“, но во поголемиот дел од неделата беше на првото место.

Листата беше објавена на Божиќ 2020 година за публиката во САД и на 10 февруари 2021 година за останатиот дел од светот.

Во филмот, Том Хенкс го глуми капетанот Џеферсон Кајл Кид, поранешен војник кој  шета од град до град читајќи им весник на луѓето за одредена цена. Кид оди низ градовите со куп весници од различни градови и држави забавувајќи поголема публика, давајќи им информации за случувањата на далечните места.

Кид наидува на млада девојка, која ја глуми Хелена Зенгел, која е киднапирана и напуштена од племето Киова. Капетанот тогаш одлучува да ја однесе девојката на сигурно, поминувајќи низ западните рамнини на Тексас низ различни опасности.

Лесно е да се разбере зошто овој филм е еден од најстримуваните Особено е значајно кога ќе сфатите дека филмот го нема на „Нетфликс“ во САД. Сепак, беше толку популарен на „Нетфликс“ во другите земји во светот, што меѓународните гледачи го донесоа на врвот.

Филмските критичари предвидуваат дека „Вести од светот“ ќе има одлична сезона на награди. Се претпоставува дека филмот ќе биде номиниран, па дури и може да освои „Оскар“.



Извор: Giantfreakinrobot.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура