X
 16.03.2017 Култура

Осум изуми кои потекнуваат од исламскиот свет

Иако денес за исламскиот свет преовладуваат многубројни стереотипи, историјата покажува дека тоа не е оправдано. Многу работи без кои не би можеле да го замислеме денешниот свет, потекнуваат токму од тие земји.

Погледнете за кои изуми станува збор:

1.    Четка за заби

Исламот е првата религија која го негувала култот на лична хигиена, а во Коранот дури и се запишани начини на ритуални миења. Четката за заби настанала во Египет, а пророкот Мухамед ја користел секојдневно.

2.    Декадниот систем на арапски бројки

Декадниот систем на арапските бројки, каде сите бројки можат да се претстават со цифри од 0 до 9, настанал во „Куќата на знаењето“ во Багдад, во 9 век.

3.    Гитара

Претходничката на денешната гитара настанала во арапскиот Оуд во 9 век, а во Европа стигнала преку јужна Шпанија, која со векови била владеена од муслиманите.

4.    Очила

Освен математиката, Арапите ја револуционизирале и оптиката. Првиот стаклен предмет што се користел како лупа при читање, е изум на Алхазен (Абу ал-Хасан), од ирачкиот град Басра, во 11 век. Подоцна, токму од неговиот изум се развиле очилата.

5.    Кафе

Најпознатиот производ кој го извезува муслиманскиот свет секако е кафето. Потекнува од Етиопија, но набрзо преку Црвеното Море, стигнало на Арапскиот Полуостров, а оттаму и во Европа (Лондон) во 17 век.

6.    Хирургија

За татко на хирургијата се смета лекарот Албукасис (Абу ал-Касим) кој бил роден во Андалузија, во 10 век. Неговите идеи се сметаат за основа на модерната хирургија.

7.    Лимени дувачки инструменти

Почетоците на воената лимена музика се поврзуваат со османлиските „мехертани“, музички групи кои свиреле за време на воените судири, и не престанувале до завршување на битката.

8.    Болници

Првата модерна болница со лекари и медицински сестри била отворена во 872 година во Каиро – Болницата Ахмед Ибн Тулун.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура