X
 16.03.2021 Образование

Ова се најчесто користените учебници на факултетите низ светот

Проектот „Опен силабус“ претставува база на податоци од учебници што се користат на факултетите низ светот. Во базата има точно 7.292.573 учебници од различни области.

Во рамките на проектот е направена визуелна презентација на 1.138.841 учебник што најчесто се користат низ светот. Веб-страницата (може да ја најдете овде) овозможува барање на специфични учебници или пребарување на најчестите учебници по област.

На пример, доколку сакате да ги видите најчестите учебници што се користат во областа на машинското учење, треба да одите во „Search syllabi“ и да ја одберете темата „Machine learning“. Тогаш ќе добиете листа со најпопуларните учебници во оваа област.


Фото: Принтскрин/Open Syllabus


Најпопуларен учебник во светот

Еден учебник се користи во над 15.000 студиски програми во светот, а тоа е водичот за класично пишување „Стилски елементи“ (англ. The elements of style“) од Вилијам Странк.

Меѓу најпопуларните учебници се наоѓаат и „Држава“ на Платон, „Манифест на Комунистичката партија“ на Карл Маркс и „Франкенштајн“ на Мери Шели.

Извор: openculture.com
Фото: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование