X
 16.03.2021 Технологија

Ова се најпопуларните програмски јазици во моментов

„Јаваскрипт“ е најпопуларниот програмски јазик во моментов, покажува последната ранг-листа на фирмата за анализа „Ред монк“. Зад овој програмски јазик се наоѓаат „Пајтон“ и „Јава“.

Ранг-листата на најпопуларните 20 програмски јазици во првиот квартал од 2021 г. не се разликува многу од ранг-листата објавена во јули минатата година, пренесува „ЗД нет“. „Ред монк“ ја состави листата користејќи податоци од програмери-корисници на „Гит хаб“.

Најпопуларните програмски јазици во првиот квартал од 2021 година

1. „Јаваскрипт“ (англ. Javascript)
2. „Пајтон“ (англ. Python)
3. „Јава“ (англ. Java)
4. ПХП (англ. PHP)
5. Ц# (англ. C#)
6. Ц++ (англ. C++)
7. ЦСС (англ. CSS)
8. „Тајпскрипт“ (англ. Typescript)
9. „Руби“ (англ. Ruby)
10. Ц (англ. C)

Автор: Лиам Танг
Извор: zdnet.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија