X
 16.03.2022 Живот

Децата во основно да не носат маски, предлага Комисијата за заразни болести

Зголемување на капацитетот на посетители на настани во затворени објекти од 50 % на 75 % и да не се бараат сертификати за примена вакцина или за прележување на болеста на отворениот дел во угостителските објекти, се нови препораки

Да се укине обврската децата во училиштата да носат маски како заштита од ковид, е една од трите мерки што Комисијата за заразни болести ги предлага по денешниот редовен состанок.
- Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, но и на оние критериуми што ги споменавме минатиот пат со кои се обидуваме да ја објективизираме процената на епидемиолошкиот ризик, донесе три мерки: ги ослободуваме учениците во основните училишта да не носат маски. Обврската за носење маски останува за наставниците и техничкиот персонал.

Втората мерка е зголемување на капацитетот на посетители на настани во затворени објекти, како што се кина, опери, театри од 50 % на 75 % и да не се бараат сертификати за примена вакцина или за прележување на болеста на отворениот дел во угостителските објекти - рече д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести, кој додаде дека овие предлог-перки ќе ги препорачаат до Главниот кризен штаб и до Владата во најскоро време.

Д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести, објасни дека мерката за укинување на обврската децата да носат маски додека ја следат наставата се однесува на учениците во основните училишта.
- Тоа значи дека за децата до деветто одделение нема да биде задолжително носењето маски. Останува обврската за носење маска за наставниците и административно-техничкиот персонал - рече д-р Мехмедовиќ.

Ако родителите сметаат дека нивното дете треба да носи маска во училиште, појасни д-р Петличковски, може да го направат тоа, но немаат обврска да носи.

Д-р Мехмедовиќ рече дека начинот на изолација на болните од ковид-19 останува ист како и досега и дека Комисијата ќе оди со постепено олабавување на мерките на рестрикција.
Според епидемиолошката слика која ја имаме со новата алатка што ја промовиравме минатата недела, ова се препораката. Доколку на терен ја контролираме состојбата и со постепено попуштање на мерките, може да се укинат сите рестрикции. Не сакаме да се доведеме во ситуација како што е тоа во некои земји, на пример, Австрија, Германија и Велика Британија, сите мерки да се укинат и повторно да ни се врати нов бран - рече Мехмедовиќ.
Подготвил: Елица Бочвароска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот