X
 16.04.2021 Забава

Поради името, „Фејсбук“ ја затвори страницата на еден француски град

„Фејсбук“ доби многу критики зашто привремено ја отстрани официјалната фејсбук-страница на малото француско гратче Бич (Bitche).

Алгоритамот на оваа социјална мрежа, по грешка, името на градот во Мозел, Североисточна Франција, го препозна како навреда.

Градоначалникот на Бич изјави дека фејсбук-страницата во градот, кој брои 5.000 жители, била отстранета на 19 март поради кршење на правилата на социјалната мрежа.

Од „Фејсбук“ соопштија дека во вторникот ја вратија страницата откако ја забележале грешката.

- На 19 март од „Фејсбук“ нè известија дека нашата фејсбук-страница „Вил де Бич“ (Ville de Bitche) повеќе не е онлајн затоа што ги крши условите на фејсбук-страниците - изјави градоначалникот на гратчето, Беноа Кифер.

- Се чини дека името на нашиот град беше грешно толкувано од алгоритамот - додаде тој.

Откако била отстранета страницата, градското собрание морало да направи нова страница, „Маири 57230“ именувана со поштенскиот код на градот.

Кифер ги критикуваше методите на „Фејсбук“ за следење на содржината.

grad
Фото: Wikipedia

- Она што се случи со гратчето Бич ги демонстрира недоволните и ограничени алатки за модерирање што само човек може да ги процени - изјави тој.

Градоначалникот додаде дека претседателот на францускиот „Фејсбук“ го контактирал во вторникот за да му каже дека страницата е вратена и да му се извини за непријатностите. Градоначалникот ги покани него и извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг“, да го посетат Бич за да ги откријат убавините на овој град.

- Страницата беше отстранета по грешка и брзо беше вратена, кога видовме дека станува збор за грешка - изјави портпаролот на „Фејсбук“.

Друг град во регионот, Рорбах-лес-Бич, во понеделникот ја преименува својата фејсбук-страница во „Вил де Рорбах“.

- Се чини дека „Фејсбук“ лови термин поврзан со Рорбах. Ќе ве оставиме да размислите која е причината - изјави градот во објавата со која го објасни потегот за промена на името.

Извор: ВВС
Фото: ВВС
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава