X
 16.04.2022 Образование

Ѕвезди што завршиле факултет откако станале славни

Често се смета дека познатите личности немаат добро образование, но има многу примери кои го рушат овој стереотип. Впрочем, има многу познати личности што завршиле високо образование откако станале славни.

Ева Лонгорија, која се прослави со серијата „Очајни домаќинки“, по снимањето на серијата одлучила да добие диплома по хуманистички науки. Освен тоа, таа има и диплома по кинезиологија.

Актерката Ема Вотсон има диплома по англиска книжевност од Универзитетот „Браун“ во САД, а ја добила откако станала славна со улогата во „Хари Потер“.



Шекил О'Нил, еден од најпознатите и најуспешни кошаркари на сите времиња, добил докторат на Универзитетот „Бери“ во Флорида. Тој еднаш изјавил дека дипломата му е првото достигнување меѓу сите работи што успеал да ги реализира во животот.

Аманда Бајнс од светот на глумата преминала во светот на дизајнот откако завршила развој на производи на Институтот за мода и дизајн во Лос Анџелес.

Натали Портман е една од најпознатите актерки. Таа има магистерска диплома по психологија, и тоа од „Харвард“. Освен тоа, таа одела и на Еврејскиот универзитет во Ерусалим, а зборува француски, јапонски и хебрејски јазик. Таа изјавила дека била мотивирана да се запише на факултет бидејќи се чувствувала глупаво во друштво на образовани луѓе.



Брук Шилдс по улогата во филмот „Сина лагуна“ добила диплома од „Принстон“. Студирала романски јазици, со фокус на францускиот јазик.

Актерката Америка Ферера по 10 години одлучила да се врати на факултет и да магистрира во областа на меѓународни односи. Таа се вратила на факултет во 2010 година по снимањето на серијата „Грдата Бети“, а дипломирала во 2013 година.



Ешли Џад е уште една позната актерка што се вратила на факултет. Таа го напуштила факултетот во 1990 година со еден останат испит, но се вратила во 2007 година и дипломирала во областа на францускиот јазик.

Извор: Studentski
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование