X
 16.05.2019 Наука

НАСА објави фотографија од падот на израелското летало на Месечината

Американската вселенска агенција НАСА објави фотографии од местото на падот на израелскиот слетувач на Месечината - „Бершит“ на кои се гледа темна дамка. Леталото се урна на Месечината минатиот месец.

Црно-белите фотографии прикажуваат како изгледа местото пред и по падот на слетувачот. На тоа место на 11 април годинава, поради дефект на моторот, неуспешно заврши првата мисија на израелската организација Спејс-ИЛ.

Од НАСА со својот Лунарен извиднички орбитер (ЛРО) ги снимиле фотографиите на 22 април, 11 дена по уривањето. Сателитот кружи на само 90 километри над Месечевата површина.

Темната дамка широка околу десет метри ја немало на фотографиите од истата локација од лани.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука