X
 16.05.2020 Образование

Веб-страници на кои може бесплатно да преземате книги

Дури и доколку не сте читале претходно, можеби за време на пандемијата сте почнале. Кризата го ограничува пристапот до книги, па многумина почнуваат да читаат книги во електронско издание, на таблет или телефон. Во продолжение се дадени неколку веб-страници на кои може да преземете бесплатни книги.

„Проџект Гутенберг“

Станува збор за дигитална библиотека со над 60.000 електронски книги кои се слободни за користење. Таму нема да ги најдете последните трилери, но ќе најдете многу класици од различни жанрови.


Фото: Pixabay

„Менибукс“

Ова е уште една веб-страница на која може да се најдат стари книги кои се бесплатни за користење. На оваа платформа има и електронски книги од независни автори за кои веројатно никогаш не сте слушнале, па затоа таа претставува одлично место за откривање нешто ново (или старо).

„Либи“

Ова е апликација на која може да најдете и нови книги, но можеби ќе треба да почекате додека стигне вашиот ред за читање. Апликацијата била создадена од компанијата „Овердрајв“ и им дава пристап на корисниците до нивната архива на книги. Има и аудиокниги, стрипови и списанија. Но, за да имате пристап до книгите, треба да имате членска картичка од американска библиотека.


Фото: Pixabay

„Хупла“

Ова е уште една апликација со која може да разгледувате дигитални содржини од библиотеките. Апликацијата нуди и серии и филмови, покрај електронски книги и аудиокниги.

„Интернет архива“ 

Станува збор за веб-страница на која може да се најдат материјали за секакви цели. Со бесплатен профил може да позајмувате до 10 книги истовремено на две недели. На платформата има многу нови книги, како оние на Стивен Кинг, а од неодамна на неа се нудат и над милион нови книги поради пандемијата. Компанијата ги собира книгите преку донации и соработки, но многу писатели ја критикуваа поради бесплатните книги што ги нуди.

Автор: Елен Гутоски
Извор: mentalfloss.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование