X
 16.05.2022 Технологија

„Нетфликс“ воведува новина со која сака да привлече повеќе корисници

Продолжуваат големите промени на најголемата стриминг-платформа во светот.

Претстојната промена за споделување лозинки на „Нетфликс“, поскапувањето и откажувањето на големите серии доведоа до негативни реакции не само од страна на претплатниците, туку и од медиумите и аналитичарите.

Наскоро треба да се промени и начинот на кој ги гледате сериите и шоуата. Станува збор за можноста некои шоуа и серии да ги гледате во живо.

Имено, „Нетфликс“ ја истражува можноста за пренос во живо, и тоа е нешто што ќе го направи првпат во своето постоење. Ваквиот потег би ја отворил можноста шоуата да не следат однапред напишани сценарија.

Од „Нетфликс“ потврдија дека се во процес на започнување пренос во живо на своите нескриптирани емисии и стендап-комедии.

Натпреварувачките емисии ќе бидат меѓу првите што ќе добијат пренос во живо на „Нетфликс“ со оглед на тоа што ќе им се овозможи на луѓето да гласаат за победникот. Исто така, уште поважен ефект е тоа што стриминг-платформата ќе ги натера луѓето да се вклучат на „Нетфликс“.

Сè уште нема индикации кога „Нетфликс“ би можел целосно да се впушти во пренос на емисии во живо.

За кварталниот период кој завршува во јуни, „Нетфликс“ прогнозира дека ќе изгуби речиси 2 милиона претплатници. Тоа следува по загубата на претплатници што ја пријави во текот на претходниот квартал - прва во повеќе од една деценија.

Извор: Bgr.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија