X
 16.05.2022 Образование

Ова се најдобрите математичари меѓу основците

Сојузот на математичари на Македонија ги објави конечните резултати од 47. Државен натпревар за основно образование.

Кај шестоодделенците првото место го делат шестмина ученици, од кои најмногу поени - максимални сто - имаат Валентино Атанасоски од ООУ „Кочо Рацин“ во Центар, Скопје и Моника Стефановска Гоџо од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, Скопје. По нив следуваат Дијар Адеми од ПОУ „Јахја Кемал“ во Боговиње, Тетово, Ана Митевска од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, Скопје, Филип Хаџи-Велков од ООУ „Димитар Миладинов“ во Центар, Скопје и Калина Грашкоска од ООУ „Кочо Рацин“ во Центар, Скопје. Втора и трета награда им се поделени на повеќе ученици.

Кај натпреварувачите од седмо одделение, првото место го делат петмина ученици, и тоа: Никола Стојковски од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, Скопје, потоа Кирил Атанасов од ОOУ „11 Октомври“ , Центар, Скопје; Јаков Геговски од ОOУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Центар, Скопје; Матеј Стоименов од ОУ „Климент Охридски“ с. Облешево, Чешиново Облешево и Ангел Мукоски од ОOУ „Димитар Миладинов“ , Центар, Скопје. Исто како и кај шестоодделенците,  и кај седмоодделенците, втора и трета награда освоиле повеќе ученици.

Резултатите покажуваат дека првото место кај осмоодделенците го делат шестмина ученици, и тоа: Андрија Младеновиќ од ОOУ „11 Октомври“ , Центар, Скопје; Виктор Максимоски од ООУ „Башкими -Единство“, Гостивар; Ивано Божиновски од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, Скопје; Лео Нелоски од ООУ „Григор Прличев“, Охрид; Петар Дамјаноски од ОOУ „Димитар Миладинов“ , Центар, Скопје и Бистра Бојаџиевска од ООУ „Лазо Трповски“ , Карпош, Скопје. Второто и третото место го делат повеќе ученици.

Од натпреварувачите од деветто одделение, четворица освоиле прва награда. Тоа се Леонид Тодороски од ООУ „Григор Прличев“, Охрид; потоа Марко Митевски од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ , Кисела Вода, Скопје; Нина Ламева од ООУ „Браќа Миладиновци“, Аеродром, Скопје и Калина Милисова од ОУ „Браќа Миладиновци“ во Пробиштип.

Фото. Pixabay

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование