X
 16.06.2022 Образование

Училишните комисии ги проверуваат апликациите, конечната листа на запишани во средно ќе биде објавена в сабота

Комисиите во средните училишта денеска прават проверка на податоците од електронските апликации за упис, пратени во изминатите пет дена додека траеше пријавувањето, со документите што им се доставуваат.

Откако е објавена прелиминарната ранг-листа на запишани во прва година средно образование во учебната 2022/2023, потребената документација учениците ја доставуваат во училиштата денеска од 12 до 19 часот и утре од 7 до 19 часот, според распоред што го подготви секое училиште.

Конечните ранг-листи на огласните табли на училиштата и на веб-страницата на Министерството за образование и наука (mon.gov.mk) ќе бидат објавени в сабота, 18 јуни.

Првпат годинава пријавувањето беше електронски – нова дигитална услуга што МОН ја воведе за оптимизација на целиот процес. До затворањето на системот за пријавување вчера во 15 часот, преку линк до порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk, пристигнале 14.500 апликации од ученици за упис во средните училишта.

Министерот Јетон Шаќири вчера на прес-конференција рече дека целокупната подготовка од МОН, како и достапноста на порталот за пријавување, резултирало со евидентно порелаксиран процес споредено со минатите години. Посочи дека новиот начин на аплицирање одзема само 5 до 10 минути, нема турканици пред училиштата, зголемена е транспарентноста, а намалена е улогата на човечкиот фактор.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование