X
 16.07.2019 Живот

Келн е првиот голем германски град што објави климатска итност

Келн стана првиот германски град со население од повеќе од милион луѓе кој се приклучи на движењето против климатската криза. Повеќе од 700 града низ светот ја препознаа итноста од климатските промени.

- Незапирливи сме, возможен е друг свет - пишува на слоганот на движењето за протести за климатските промени „Петоци за иднина“. Но сега движењето го менува името и станува „Недела за иднина“ зголемувајќи го притисокот врз парламентот во Келн за да предложи климатска итност. Демонстрантите ќе протестираат дење и ноќе до петок, одредувајќи смени во текот на ноќните часови.

- Само што дојдов од училиште. Луѓето доаѓаат кога можат за да протестираат за важен проблем - вели еден 16-годишен ученик.

Парламентот во Келн минатиот вторник гласаше со големо мнозинство за прогласување состојба на итност. 73 од присутните 85 советници гласале „за“ во дебатата што траела до доцна. Демонстрантите маршираа од парламентот за да го повикаат Келн да ги следи останатите 700 светски града, вклучувајќи ги Лондон, Париз и Диселдорф за заземање став. Ова е најновата серија на протести на Грета Тунберг, 16-годишната тинејџерка од Шведска, која во 2018 година почна да бара глобален одговор за климатските промени.

- Принудени сме да одиме во наредната фаза од нашите штрајкови. Имавме шестмесечна кампања за овој проблем, во текот на сите петоци, но ништо не се промени. Сакаме да им биде јасно на политичарите дека треба да преговараат, и тоа сега - изјави Леони, еден од организаторите на протестите.

Некои политичари ги повикаа демонстрантите да се вратат на училиште.

1
Фото: DWJ

- Дефиницијата за штрајк е токму тоа, да не одиме на работа или на училиште. Она што го правиме мора да има ефект - рече Леони.

Властите на Северна Рајна-Вестфалија, која е дел од Келн, неодамна предупредија дека учениците може да се соочат со казни до 150 евра затоа што не се појавуваат на училиште.

Но, не протестираат само учениците. Луис Џагер е дел од движењето „Баби за иднината“. Држејќи слоган „Бесни сме затоа што не ги слушате нашите внуци“, таа вели дека нешто мора да се промени.

- Повеќе не е доволно поединци да усвојат одржлив животен стил - тоа го правиме уште од 70-тите. Некои работи сега мора да се променат на ниво на парламентот - вели Луис.

Катрин, член на движењето „Родители за иднината“, на протестите дојде со своето бебе Елена. Таа вели дека е присутна затоа што се надева дека Елена ќе може да го има истиот квалитет на животот што го имала таа, а се надева дека и понатаму ќе го има.

- Но, веројатно е премногу доцна. За 10 или 20 години може да има огромна разлика во начинот на кој живееме.

Учениците пропуштија цела недела настава. Сепак, Катрин ги поддржува.

- За 10 или 20 години нема да има иднина. Или барем нема да имаме препознатлива иднина ако не преземеме големи чекори веднаш - вели таа.

- Зошто да одат на училиште кога немаат иднина?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот