X
 16.08.2021 Образование

УКИМ ги повикува идните студенти на отворениот ден на универзитетот

Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје на 18 и 19 август организира „Отворен ден на УКИМ“. Настанот ќе се одржи онлајн, преку платформата „Microsoft Teams“.

-Имам особено задоволство да ви се обратам по повод одржувањето на традиционалниот настан „Отворен ден на УКИМ“ и да ве поздравам од името на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и од свое лично име. Оваа манифестација, која ќе се одржи онлајн, претставува одлична можност да се уверите во одликите на УКИМ што го прават најдобар универзитет во нашата држава и еден од врвните во регионот – им се обрати ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски на матурантите, односно идните најнови и најмлади членови на академската заедница на УКИМ.

На традиционалниот настан ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.

-УКИМ зад себе има богат 72-годишен пат, исполнет со резултати достојни за почит, пат длабоко втемелен во сите пори на нашето општество. Големиот избор на квалитетни и иновирани студиски програми во сите циклуси на студии, постојаниот стремеж за достигнување на квалитетот на образовните програми на европските и светските универзитети, како и следењето на трендовите на атрактивност на студиските програми, се основна одлика на УКИМ со која се одвојува и предничи пред сите останати – додава ректорот Јанкуловски.

Фото: УКИМ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование