X
 16.09.2016 Живот

Не тагувај: Се` што си изгубил доаѓа пак во друга форма.

Цитатите на Руми се добро познати како мудри, провоцираат размислување и се моќни. Се надеваме дека овие инспиративни и мотивациски цитати ќе ви помогнат за да станете свесни за моќта и убавината што ја имате внатре во вас.

“Сé уште не знаеш? Твојата светлина е онаа што го осветлува светот“

“Не се чувствувај осамено, цел универзум е внатре во тебе“.

“Зошто тропаш на секоја друга врата? Оди и тропни на вратата на твоето срце“.

“Зошто тропаш на секоја друга врата? Оди и тропни на вратата на твоето срце“.

“Подигни ги твоите зборови, не твојот глас. Дождот е тој што прави цвеќињата да растат, а не грмотевиците“.

“Сé во универзумот е внатре во тебе. Барај се од самиот себе“.

“Дали ќе станеш патник на патот на љубовта? Првиот услов е да станеш потполно смирен како прав и пепел“.

“Блескај како цел универзум да е твој“.

“Постојат илјадници начини да клекнеш на колена и да ја бакнуваш земјата и постојат илјадници начини да одиш повторно дома“.

“Ова место е сон. Само оној што спие го смета за реалност. Потоа смртта доаѓа како зората, и се будиш смеејќи се што твоите мисли биле тажни“.

“Оние кои не сакаат да се променат оставете ги да спијат“.


Цитатите на Руми од неговите поеми:


“Ти не си капка во океан. Ти се целиот океан во една капка“.

“Танцувањето не е безболно, како лист што ветрот го рaзнесува, танцувањето е кога твоето срце е раскинато, а твоето тело лебди помеѓу световите“.

“Кога ги правиш нештата од твојата душа, ќе почувствуваш река која се движи во тебе- Радост“.

“Не се задоволувај со приказни, како сé одвиваат работите за другите. Расплети свој сопствен мит“.

“Бегај од она што е удобно. Заборави на безбедноста. Живеј онаму каде што се плашиш. Уништи ја својата репутација. Биди прочуен. Многу пати се обидував претпазливо да планирам. Од сега па натаму јас ќе бидам луд“.

“Збогувањата се за оние кои љубат само со нивните очи. Бидејќи за оние кои љубат со своето срце и душа, нé постои разделба“.

Зошто остануваш во затвор, кога вратата е ширум отворена?

“Пророците ја прифаќаат сета агонија и веруваат дека водата никогаш не се плаши од огнот“.

“Моето срце е толку мало, што речиси е невидливо. Како може да сместиш толку голема болка во него? Погледни: Тоа праша: Твоите очи се уште помали, па сепак со нив го набљудуваш цел свет“.


Цитати на Руми за љубовта:


“Вашата депресија е поврзана со вашата дрскост и одбивањето да се возвишите“.

“Ако корените на дрвјата не беа вкоренети во земјата, тие ќе ме прогонуваа мене.Бидејќи јас цветам толку многу, и завидувам на градината што цвета“.

“Твојата задача не е да бараш љубов, туку да трагаш и да ги најдеш сите бариери во себеси што си ги изградил спротивно на љубовта“.

“Не тагувај. Сé што си изгубил доаѓа пак во друга форма“.

“Јас сум толку блиску, можам да ја гледам далечината.
Целосно измешан со тебе, може да гледам одвоено.
Па надвор на отворено, јас се појавувам сокриено.
Толку тивок, бидејќи секогаш разговорам со тебе“.

“Јас сум блесок во бесконечноста“.

“Секој е создаден за одредена работа и желбата за таа работа е ставена во сечие срце“.

“Не чекај повеќе,
Нурни во океанот,
Напушти и дозволи морето да бидеш ТИ“

“Вие сте родени со потенцијал. Вие сте родени со добрина и доверба. Вие сте родени со идеи и соништа. Вие сте родени со величественост. Вие сте родени со крилја. Не сте замислени да лазите, па затоа немојте. Вие имате крилја. Научете ги да ги користите и летајте“.

“На љубовта и треба љубов,
што ќе издржи се, па дури и злоупотреба,
што ќе трепери за момент. Но устата на небото е љубезна,
тоа е песна што никогаш нема да те повреди,
па затоа јас ги пеам тие зборови“.

“Запомни... Влезот во светилиштето е внатре во тебе“.


Цитати на Руми за довербата:


“Нека овие завети и овој брак бидат благословени“.

“Има поле таму некаде,
позади секој сомнеж и секоја грешка,
ќе се сретнеме таму“.

“Имаш внатре во себе повеќе љубов од што можеш да разбереш“.

“Минутата кога ја слушнав мојата прва љубовна приказна...
Почнав да те барам тебе не знаејќи,
колку слеп јас бев.
Вљубените не се среќаваат некаде,
тие се едни во други“.

“Тоа што го бараш, те бара тебе“.

“Игнорирај ги оние што те прават тажен и те исполнуваат со стравови, до тој степен што те деградираат кон болест и смрт“.

“Бидете сигурни дека во религијата на љубовта нема верници и не верници. Љубовта ги прифаќа сите“.

“Кога сум тивок имам бура внатре во мене“.


 Цитатите на Руми за соништата и животот


“Поставете го вашиот живот на оган. Барајте ги оние што го разгоруваат вашиот пламен“.

“Направи го твоето последно патување,
од овој чуден свет,
летајќи кон височините,
каде нема повеќе,
поделеност меѓу тебе и твојот дом“.

“Бог ги создал
твоите крилја, не за да останат неискористени
сѐ додека си жив,
ти мора да се обидуваш повеќе и повеќе,
да ги користиш твоите крилја и да покажеш дека си жив“.

“Во твојата светлина учам како да сакам. Во твојата убавина како да правам поеми. Ти танцуваш во моите гради каде никој не те гледа, но понекогаш и јас танцувам, а таа глетка станува оваа уметност“.

“Твоето и моето срце се многу стари пријатели“.


Повеќе цитати од Руми:



“Тишината е јазикот на Бог, а се друго е лош превод“.

“Спокоен е оној кој не е загрижен дали има повеќе или помалку. Неповрзан со име и слава, тој е слободен од болката од светот и најмногу од себеси“.

“Јас реков: Што е со моите очи?
Бог рече: Задржи го погледот со нив кон патот.
Јас реков: Што е со мојата страст?
Бог рече: Остави ја да гори.
Јас реков: Што е со моето срце?
Бог рече: Кажи ми што чуваш внатре.
Јас реков: Болка и тага.
Бог рече: Остани во нив. Раната е место преку која светлината влегува во тебе“.

“Барај ја мудроста што ќе го поврзе твојот јазол. Барај го патот што го бара целото твое битие“.

“Барав во храмови, цркви, џамии. Но ја најдов божественоста во моето срце“.


Цитати на Руми за животот и љубовта:


“Патувањето носи сила и љубов во твојот живот“.

“Јас сум исполнет со тебе. Кожата, крвта, коските, мозокот и душата. Нема простор за недостаток на доверба и вера. Ништо во ова постоење, туку самото тоа постоење“.

“Пенкалото долго време чкрташе. Кога се обиде да напише љубов се скрши“.

“Биди лампа, животен брод, скала. Помогни нечија душа да се исцели. Замини си од твојата куќа како духовен водач“.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот