X
 16.09.2016 Живот

Со кои фрази им го нарушуваме менталното здравје на децата?

Менталното здравје на децата е многу кревко. Навредата или лошиот збор изразен кон 10 –годишно дете прави многу поголема штета отколку кај неговиот 35 годишен татко под тотално исти услови.

Но, како менталното здравје така и физиката на мозокот на детето се многу осетливи, факт што често го забораваме. Тешките зборови што се изговараат може да останат во мозокот со години. Според психолозите, тие може да влијаат многу на неговиот развој и како возрасна личност.

Фрази што може да направат штета на детското ментално здравје:


1. „Ти си пречувствителен“: психолозите велат дека нервниот систем на децата е попрецизно прилагоден и како резултат на тоа реагираат брзо и интензивно, а родителите грешат кога се обидуваат да ја отстранат таа сензитивност. Ова спречува понатаму детето да биде емпатично затоа што е научено дека емоциите не се важни.

2. „Таков е животот“: ако детето е одбиено или се соочува со неуспех оваа фраза е последна што треба да му ја кажете. Таа би била соодветна за 25-годишник, но детето треба да го научите дека има бенефит и од поразите.

3. „Затоа што јас така велам“: ова е ужасен одговор што создава омраза кај детето затоа што се соочува со догма. Верувањата на родителите се базираат на логика и тоа треба да се сподели со детето што поверојатно е да го убеди дека родителот навистина знае многу повеќе.

4. „Замолчи“: децата рано осознаваат дека овој израз е навреда, а последна личност што треба да го навредува детето е родителот. Понекогаш се случува да се испушти, но подобро е да му се објасни дека родителот имал многу напорен ден и дека е потребен мир и тишина.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот