X
 16.09.2022 Живот

Чекал 9 часа за да направи неверојатна фотографија од редок црн леопард

Фотографот Анураг Гаванде чекал 9 часа во џунглата за да фотографира редок црн леопард.

- Тешко е да се забележат црните леопарди. Дури и нормален леопард е тешко да се забележи бидејќи по природа се многу срамежливи - објаснува тој.

- Чекав речиси девет часа за да се случи овој момент. Сакав да ја овековечам оваа убавица уште од денот кога ја открив - вели фотографот.

Гаванде ја направил фотографијата во Националниот парк Пенч во Мадја Прадеш, Индија, каде што претходно го видел неверојатниот леопард, но од далеку.

- Решивме да го посетиме паркот, но тоа не беше лесна задача. Во нашето прво сафари ја видовме, но само за кратко. Бев решен да ја фотографирам и затоа одлучив да не ја напуштам нејзината територија. Следниот ден чекав девет часа да излезе. Доцна вечерта таа излезе и направив неверојатни фотографии и видеа. Беше навистина возбудливо.

1

Ова не е првпат Гаванде да фати црн пантер. Пред две и пол години тој направи фотографија во Националниот парк Тадоба.

- Црните леопарди се тешки за фотографирање затоа што ако знаат дека си таму, ќе се скријат. И поради нивната црна боја станува потешко да се препознаат - додава тој.

Извор: Petapixel.com
Фото: Anurag Gawande.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот