X
 16.10.2019 Живот

НАСА го претстави новиот скафандер за астронаутите

Американската национална воздушно-вселенска агенција – НАСА проектира нови костими кои ќе послужат во мисијата за враќање на Месечината до 2024 година.

Администрацијата на Доналд Трамп во март ѝ даде задача на НАСА да спушти луѓе на нашиот природен сателит до 2024 година. Така, Агенцијата ги претстави два нови скафандера, скроени за астронаутите што допрва ќе стапнат на Месечината.

Двајца покажувачи во седиштето на НАСА во Вашингтон ја демонстрираа удобноста и функционалноста на костимите – чекореа пред публиката, правеа склекови и покажаа како ќе изгледа вселенското движење на нулта гравитација, во рамките на програмата „Артемис“ на Месечината.

- Ова е првиот костим што сме го изработиле последниве 40-ина години. Денеска гледавте прототип на „компресиски костими“. Системот за одржување на живот е во лабораторијата во Хјустон. Сакаме да им овозможиме на нашите астронаути да бидат и научници на површината на Месечината - рече Крис Хансен, директор во Одделот за конструирање вселенски костими при НАСА.

Ова се скафандерите за во вселенското летало. Кога астронаутите ќе се симнат на површината на Месечината, ќе имаат друг, поголем костим.

Новите костими ќе овозможи многу полесно движење во леталото.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот