X
 16.10.2020 Наука

Симулација покажува како би изгледала експлозија на атомска бомба во голем град

Тешко може да се замисли катастрофалното влијание на една атомска бомба, но едно е сигурно - би било лошо. Во видеото на режисерот на документарни филмови Најл Халоран се покажува колку лошо.

Во осумминутното видео се покажува симулација на испуштање атомска бомба 100 пати поголема од онаа фрлена на Хирошима. Чекор по чекор, видеото ги покажува сите фази од експлозијата.

Халоран објаснува колкумина би загинале во градот од 4 милиони луѓе во симулацијата. Како што вели тој, видеото треба да ги потсети сите за опасноста од модерните оружја.


Автор: Дерја Оздемир
Извор: interestingengineering.com
Фото: Screenshot
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука