X
 16.10.2021 Наука

Потребни се 500.000 лица да бараат моржови на фотографии

Влијанието на климатските промени врз Арктикот е огромно, па научниците сега се обидуваат да го спречат изумирањето на моржовите со помош на истражување. За таа намена, тие ќе вработат половина милион лица од целата планета да им помогнат во тоа.

Проектот е на Светскиот фонд за природа и Британското истражување на Антарктикот, кои соработуваат со компанијата за вселенска технологија „Максар текнолоџис“. Проектот ќе трае 4 години и предвидува пребарување на илјадници фотографии со висока резолуција. Проектот е огромен, па затоа се бараат луѓе низ целиот свет кои ќе помогнат во барање моржови во фотографиите.


Фото: Pixabay

Моржовите имаат клучна улога во арктичкиот екосистем, но научниците не се сигурни колку моржови има. Како и сите други животни во северните предели, моржовите ги чувствуваат ефектите на климатските промени на Арктикот, кој се загрева трипати побрзо од остатокот од светот.

На моржовите им треба мраз за да одмораат, да се размножуваат и да се прехрануваат. Во случај на преголемо топење на мразот, моржовите би требало да се преселат на почва, поради што ќе има пренаселеност, а тоа ќе им го отежни и пристапот до храна.

Сите заинтересирани лица што сакаат да придонесат за проектот може да го направат тоа овде.

Извор: Fast Company
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука