X
 16.11.2018 Живот

Ова се најплатените починати ѕвезди

Иако веќе долго не се меѓу живите, имињата и наследствата на некои јавни личности и ден-денес им носат огромна заработка на нивните наследници.

Од сите ѕвезди што веќе не се меѓу живите, Мајкл Џексон шеста година по ред е на врвот на листата на „Форбс“ за најплатени починати славни лица.

Колку и да звучи бизарно, тој минатата година заработил 313 милиони фунти, а од смртта до денес е забележан профит од 1,8 милијарда фунти.


На второто место е Елвис Присли, со заработка од 31 милион фунти, претежно од продажба на дискографски изданија и развој на новиот забавен комплекс „Елвис Прислис Мемфис“.


Трет е Арнолд Палмер, играч на голф, со заработка од 27 милиони фунти.

Арнолд Палмер
Фото: Wikipedia

Принс и Џон Ленон се на деветтото, односно десеттото место, со заработка од 10 и 9 милиони фунти.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот