X
 16.11.2022 Живот

Три судијки на Светското првенство во фудбал - првпат во историјата

Светското првенство во фудбал во 2022 година го потврдува фактот дека женскиот потенцијал секогаш расте. Првпат во историјата - три жени судии и три жени помошници-судии.

Ова не е изненадување, овие жени веќе некое време се присутни на јуниорски и сениорски турнири.

Поранешниот италијански фудбалски судија Пјерлуиџи Колина во медиумите изјави дека ова е крај на долгиот процес кој започна пред неколку години. Процесот опфаќал нивен ангажман на јуниорски и сениорски турнири. За Колина и неговите соработници, важен е квалитетот, а не полот, што ги наведува да веруваат дека во иднина изборот на елитни женски судии за важни машки натпревари ќе се доживува како нешто нормално, а не сензационално.

- Тие заслужуваат да бидат на Светското првенство бидејќи нивните резултати се на навистина високо ниво, а тоа е важен фактор за нас - изјави Колина.

Кои се судијките што ќе судат на Светското првенство?


Стефани Фрапар е една од водечките судијки во женскиот фудбал и пионер во машкиот фудбал. Во 2019 година таа го судеше финалето на Светското првенство за жени и стана првиот женски судија во француската Лига 1, а исто така го судеше и Суперкупот на УЕФА за мажи меѓу Ливерпул и Челзи.


Следната година таа беше првата жена што судеше натпревар од Лигата на шампионите за мажи, а во 2021 година - прва што судеше натпревар од квалификациите за Светското првенство.

36-годишната Јамашита Јошими во мај минатата година стана првата жена судија во натпревар од Ј1 лигата, а оваа година ги водеше натпреварите во женскиот азиски куп и азискиот еквивалент на машката Лига на шампиони. Јапонката треба да го има својот втор последователен настап на Мундијалот по судењето на Светското првенство за жени во Франција во 2019 година. Исто така, таа ја презеде одговорноста на Олимписките игри во 2020 година, одржани во 2021 година, на натпреварот меѓу САД и Шведска.



- На Блискиот Исток речиси и да нема судијки, па би сакала да ја видам таа промена со Светското првенство во Катар како катализатор - изјави таа за медиумите.

Салима Мукансанга, студентка од Руанда, како млада девојка сонувала професионално да игра кошарка. Од 2012 година таа почна да суди за ФИФА. Исто така, таа судеше на Купот на африкански женски нации, Лигата на шампионите ЦАФ за жени и Олимписките игри во Токио во 2020 година.


- Судењето на Светското првенство е сон на секој судија - изјави таа неодамна.

Дали помошниците на судиите ќе бидат жени?

На овие судијки ќе им се придружат Неуза Бек од Бразил, Мексиканката Карен Дијаз Медина и Американката Кетрин Несбир, кои ќе бидат три од 69. помошни судии.

Извор: Bebac.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот