X
 16.12.2017 Живот

Методот на еден дедо што сите родители треба да го знаат

За жал, не е ретка глетката кога дете во продавница вреска со желба родителите да му купат чоколадо или нешто друго што наеднаш станало неопходно во детската глава.

Набљудувачите обично имаат своја идеја што би направиле и главно ги критикуваат родителите што не го воспитале детето, но едно е сигурно - најлошо му е на оној чие дете вреска и никако не сака да се смири, па родителите главно добиваат нервен слом.

Еве како да се остане мирен во таква ситуација.

Една жена раскажува како во супермаркет набљудувала еден дедо што ги купувал неопходните работи додека неговиот тригодишен внук врескал, прво за колачи, потоа за овошје, житарици, па сок, а на крајот за чоколадо.

„Се гледаше дека не му е лесно. Но, додека пазареше прегледувајќи го списокот, тој со целосно смирен глас велеше: ’Полека Алберт, нема да се задржиме уште долго. Полека‘, и продолжи со купувањето.

По неколку минути детето продолжило да вреска, а дедото само рекол: „Во ред е Алберт, уште неколку минути и одиме. Издржи“.

На излегување од продавницата детето почнало да ги фрла работите од количката. Жената повторно го слушнала дедото:

„Алберт, опушти се другар. Немој да бидеш вознемирен. Ќе бидеме дома за неколку минути. Не возбудувај се Алберт“.

Жената била импресионирана од смиреноста на дедото и отишла со него на паркингот каде што тој ги ставал работите во автомобилот. Не можела, а да не му се обрати:

Господине, знам дека ова не е моја работа, но навистина бевте одлични. Не знам како успеавте. Цело време бевте трпеливи и без разлика на тоа колку гласно и некултурно беше детето, вие смирено продолживте да му кажувате дека сѐ ќе биде во ред. Алберт е многу среќен што има дедо како вас“.

„Ви благодарам госпоѓо, но јас сум Алберт. А малиот немирко се вика Стив“, рекол дедото, оставајќи ја жената во апсолутен шок.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот