X
 16.12.2022 Живот

Дојави за бомби и во десет скопски и пет битолски училишта, ФФМ, „Мериот“, сала „Борис Трајковски“

На електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и Фудбалската федерација на Македонија, хотел „Александар палас“, хотел „Мериот“, трговски центар „Ист гејт мол“, спортска сала „Борис Трајковски“ и Меѓународен аеродром Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа, информираат од МВР за МИА.

Дојава за бомба пристигнала и до средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“, од каде што се евакуираат учениците.
Дојави за поставени бомби, како што објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, има во училиштата „Григор Прличев“, „Наум Наумовски Борче“, „Крсте Мисирков“, „Кирил и Методиј“, „Крум Тошев“, „25 Мај“, „Дане Крапчев“ и „Наум Охридски“.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

- Апелирам на смиреност и почитување на пропишаните правила и протоколи за постапување во вакви случаи. Досега сите дечиња се на безбедно, евакуирани од просториите на училиштата и се во придружба на наставниот кадар. Веднаш по информациите разговарав со надлежните во полициската станица од општа надлежност Гази Баба со цел веднаш да се преземат сите неопходни мерки за проверка на пристигнатите информации. Излезен сум на терен заедно со вработени од општинската администрација со цел увид на спроведувањето на протоколите за евакуација. Се ставаме целосно на располагање за безбедно згрижување на сите дечиња - напиша Стефковски.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот